Со вас од 1954 година
Центарот за странски јазици успешно ја заврши инспекциската процедура организирана од страна на MAQS (Македонска асоцијација за квалитет во наставата за странски јазици) во соработка со EAQUALS (Европска асоцијација за квалитет во наставата за странски јазици). Со тоа Центарот за странски јазици и официјално стана прво училиште во Македонија кое се стекна со потврда за квалитет во изведувањето на наставата за странски јазици, како и во неговото целосно работење. Нашето училиште беше член на MAQS до крајот на 2008 година.
повеќеЦентарот за странски јазици е вистинското место за учење јазици:
- Ако сте почетници
- Ако сакате да го обновите своето знаење
- Ако сакате да обрнете внимание на определена јазична вештина
- Ако треба да полагате некој од испитите за меѓународно призната диплома
- Ако сакате да напредувате во својата професија
- Или затоа што учењето странски јазици ви е хоби
Научете странски јазик.




