IELTS


Полагајте ИЕЛТС во Центарот за странски јазици – Скопје, ако сакате да студирате, работите или живеете во странство.

 

Што е ИЕЛТС?

ИЕЛТС (International English Language Testing System) е најпопуларниот тест за англиски јазик во светот, кој е прифатен во повеќе од 140 земји и над 11000 организации. Овие организации вклучуваат влади, академски институции и работодавци, од кои 3000 се во САД.

Скалата за оценување е лесна за употреба која јасно го идентификува нивото на познавање на јазикот со 9 нивоа, од непознавач на јазикот (оценка 1) до експерт (оценка 9).

 

Кој ИЕЛТС тест да го полагате

ИЕЛТС може да ви помогне да ги докажете вашите јазични вештини при пријавување за работни места, студирање како и емиграција.

За додипломски и постдипломски студии или работа во странство полагајте ја академската верзија на ИЕЛТС (IELTS Academic).

За работа во вашата земја или странство како и за пониско ниво на студии полагајте ја општата верзија на ИЕЛТС (IELTS General).

*Пред да се пријавите за тестирање проверете, во организацијата каде што се пријавувате, кој тест ви е потребен.

 

Подготовка

Кога ќе се пријавите за тестот ИЕЛТС кај нас, добивате и ексклузивен и бесплатен пристап до онлајн курс за подготовка: „Road to IELTS Last Minute“ (https://takeielts.britishcouncil.org/take-ielts/prepare/courses/road-ielts) од Британскиот совет, кој вклучува 100 интерактивни активности, 9 видео упатства и два Академски практични тестови за ИЕЛТС за секоја од четирите вештини.

Имаме и други ресурси на располагање од Британскиот совет:

Регистрирајте се овде (https://takeielts.britishcouncil.org/take-ielts/prepare/free-webinars) за да добиете пристап до пакет за подготовка за ИЕЛТС! Ова вклучува серија снимки на вебинари кои ќе ве водат низ секоја фаза од подготовката за тестот, детални планови за подготовка за пишување, зборување, читање и слушање и вежбање со тестови за да ја проверите вашата подготвеност за тестирање.

Проверка на вашиот напредок со ИЕЛТС - официјален тест со извештај за повратни информации: https://takeielts.britishcouncil.org/take-ielts/prepare/progress-check

Бесплатни мобилни апликации за ИЕЛТС: https://takeielts.britishcouncil.org/take-ielts/prepare/free-apps

Други подготвителни курсеви: https://takeielts.britishcouncil.org/take-ielts/prepare/courses

 

ИЕЛТС на компјутер

Во моментов, ИЕЛТС може да се полага на компјутер при што одговорите на деловите слушање, читање и пишување ги внесувате преку компјутер.

Делот за зборување се полага во живо преку видео врска со обучен испитувач и се изведува на истиот ден со останатите делови од испитот.

ИЕЛТС на компјутер овозможува голем избор на датуми за тестирање како и пократок рок за достапност на резултатите, од 3 до 5 дена.


Пријавете се за ИЕЛТС тестирање

Регистрирајте се за полагање на ИЕЛТС тестот онлајн: https://ieltsregistration.britishcouncil.org/orsnbc?organisation=CFL-Skopje

Центар за странски jазици

Жиро сметки:
Комерциjална банка: 300000000622776
Стопанска банка: 200000099001587


Орце Николов бр. 155 A
1000 Скопjе, Македониjа

+389 (0)2 306 77 83
+389 (0)2 306 31 38
+389 (0)75 282 600
© Центар за странски јазици, 2016 - 2022. Сите права задржани